10 услови на Турција за да прифати влез на Шведска и Финска во НАТО

По отвореното укажување од страна на тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека има забелешки околу најавениот влез на Шведска и Финска во НАТО, сега во тамошните медиуми се појавија и текстови во кои Турција поставила десет услови за да нема приговори за приемот на скандинавските земји во воената алијанса.

Меѓу другото, Турција очекува разјаснување на пристапот на двете земји, кога станува збор за Курдистанската работничка партија и прекинување на активностите на раководството на групата во тие земји, вклучително и во Парламентот.

Анкара повикува и на запирање на финансиската поддршка за сириските курдски Сили за заштита на народот.

Се бара и прекин на активностите за дезинформација, предводени од членовите на ФЕТО, организација која во Турција е обвинета за обидот за државен удар. Се бара забрзување на екстрадицијата на членови на курдски групи. Од Турција предлагаат и меѓусебни иницијативи за воспоставување механизам за блиска соработка и редовни консултации со земјата за тероризмот.

Како услов, Анкара става крај на шверцот со пари во двете земји на структури поврзани со терористички организации и блокирањето на нивните сметки. Се очекува и Шведска и Финска да попречат какви било собирање средства и антитурски иницијативи на групи, кои се претставуваат како невладини организации, пишува Сабах.

Листата со десет барања на Турција, допрва треба да им биде претставена на соговорниците, се наведува во текстот.

Претходна вестПо двегодишната пауза матурантите в петок повторно ќе танцуваат
Следна вестБрнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања и со тоа директно да придонесе за соработка и поврзување