Затворска казна по една година добија Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси – обвинети за насилството што се случи на протестот за пресудите на „Монструм“.
Тие на денешното прво рочиште за случајот го признаа делото.
За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, судењето ќе продолжи на 31 март.
Постапката ќе биде издвоена за обвинетиот Бесим Касами поради неговата влошена здравствена состојба, како и за Суља Башким, кој не е достапен за органите на прогонот.
Обвинетите се товарат дека на 26 февруари заедно со други лица почнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници фрлајќи со камења, бекатон-плочки, метални шипки и други предмети во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, тешки телесни повреди добил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.