По свадба- тапани: Откако го донесоа вирусот, ќе се воведува карантин за сите кои доаѓаат од африканските земји

Министерството за здравство попладнево преку соопштение информира дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански држави.

Мерката доаѓа откако повеќе медиуми објавија дека лица кои биле на одмор во Занзибар, се вратиле во Македонија со симптоми на корона вирус, и најверојатно се работи за јужноафриканската мутација, која досега не беше регистрирана кај нас.

Од Министерството за здравство велат дека до овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот и дека во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на брисеви на двајца пациенти кои се вратиле од патување од Занзибар и се хоспитализирани со симптоми на вирусот.

Се работи за сопружници од Битола, кој прво бил хоспитализиран во СТруга, а сега е во Скопје. Во земјава тие влегле без ПЦР – тест.

Од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести  најавуваат дека не се исклучува можноста да се донесат препораки за нови мерки за спречување на понатамошно ширење на ковид-19.

Инаку, на социјалните мрежи има голем број реклами со кои се нудат летувања на оваа егзотична дестинација за околу 1.200- 1.300 евра.

Претходна вестФрчат најави од Шилегов, сега за Луна – паркот, што ли уште ќе следи до изборите?
Следна вестСимовски контра Османи: Во сите пописи од 1948 наваму, има код за бугарска етничка припадност