Фрчат најави од Шилегов, сега за Луна – паркот, што ли уште ќе следи до изборите?

Се ближат локалните избори. Ова како да е добра причина за локалните власти да не бомбардираат со најави дека ќе работат…

Одлуката за проектирање и изградба на забавен парк, набавка и монтирање на реквизити се очекува да биде донесена на претстојната седница на Советот на Град Скопје. Со ова, практично, треба да тргне изградбата на скопскиот Луна-парк која веќе пет години стои во место. Градските власти најавуваат дека тој треба да биде готов до 2023 година а средствата ќе се обезбедуваат од градскиот буџет. Во Буџетот за оваа година градските власти за продолжувањето на изградбата на Луна-паркот наменија 1,45 милиони евра.

– Во текот на декември 2020 година, усвоен е Буџетот на Град Скопје за 2021 година, заедно со неговите развојни програми за 2022 и 2023 година, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Ова е уште една најава за реализација на проектите која во овој период дојде од градските власти и градоначалникот Петре Шилегов. Неодамна, тие почнаа со реконструкцијата на кејот „13 ноември“ во центарот на градот, а завчера го промовираа и проектот за реконструкција на Универзална сала. На седницата на Градскиот совет беше изгласано и продолжувањето на изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ до населбата Драчево.

Очигледно, се редат проекти чие најавување се умножува со наближувањето на есенските избори. Во најава е проектот за брз автобуски ситем во градот, за тунелот под Кале, нов мост во Карпош…

Но, нели требаше многу од овие проекти одамна да бидат или завршени или во полн ек да е новното релизирање?

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поништување на Законот за попис
Следна вестПо свадба- тапани: Откако го донесоа вирусот, ќе се воведува карантин за сите кои доаѓаат од африканските земји