По светиот крст тргнуваат стотици верници, најспектакуларно во Охрид и во Скопје

Бројни положувања на светиот крст во македонските води ширум земјава ќе се извршуваат денеска на Богојавление – Водици при што стотици верници ќе се обидат први да го фатат. Ова е традиционалниот начин на прославувањето на големиот христијански празник во Македонија кој обединува илјадници граѓани кои доаѓаат да му присуствуваат на свечениот чин на остветувањето на водите.

Најголемите манифестации традиционално се одржуваат во Охрид и во Скопје. Најмасовно и најспектакуларно е положувањето на крстот во водите на Охридското Езеро што ќе се изврши во 10 часот од градското пристаниште. Доколку временските услови се непогодни, односно според најавите, ако дува силен ветар, чинот на осветување ќе се врши од бродот „Армада“. Богослужбите во охридските парохиски цркви почнуваат во 7 часот наутро. По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Црвен крст Охрид ќе ја одржи традиционалната крводарителска акција во центарот за култура „Григор Прличев“.

Во Скопје, пак, околу 130 верници се пријавени за фаќање на светиот крст, кој околу пладне ќе биде положен во реката Вардар. Во 9 часот ќе почне архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата. Околу 11:15-11:20 часот, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода”. Таму веднаш ќе почне церемонијата Водици, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

Во Општина Бутел светиот крст ќе се фрла на неколку локации и тоа:  Љубанци на река Љубанска со почеток од 10:00 часот, Црква Св. Наум Охридски во Радишани со почеток од 10:30,Црква Св. Јован Крстител во населбата Бутел 1 со почеток од 11:00.

Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 минути, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и фрлањето на крстот ќе се случи во 11 часот.

Светиот крст во Гази Баба ќе се положи во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ. Настанот ќе се оддржи со почеток во 10:00 часот. Во оваа скопска општина ќе има и Пивтијада. Годинава на традиционалната манифестација “Пивтијада 2023”.

Во Општина Ѓорче Петров годинава осветувањето на водите на реките Лепенец и Вардар ќе се одржи традиционално на 19-ти јануари по следниот редослед: 11:00 положување крст во р. Лепенец кај последна 22, автобуска станица а кај мостот во Хром церемонијата ќе се изврши во 12:00 часот.

Претходна вестБигорски манастир му одговори на владиката Петар: Настапот на митрополитот не му приличи на еден духовен водач
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка не е достоен да ја врши функцијата