Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти Регионалниот оддел за поправни служби на Русија.
– На 16 февруари годинава во воспитно-поправниот дом број 3 осуденикот Наваљни А.А. по прошетка се чувствувал лошо, а набрзо изгубил свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на Итна медицинска помош, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале да го спасат.
Од 2009 година станал познат по критиките за корупција на рускиот претседател Владимир Путин. Бил организатор на протести против политичката корупција на Путин и неговите коалициони партнери. Беше обвинуван за организирање нелегални протести.