Во 77-ма година од животот денеска почина македонска актерска легенда Мето Јовановски. Ова вест почна да се споделува на социјалните мрежи, а на на што бројни граѓани искажувата изрази на сочуство, жалење и почит кон познатиот актер. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски е роден на 17 јануари 1946 година, во село Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите Среќна Нова 49, Тетовирани души, Пред дождот, Големата вода, До Балчак, Најдолгиот пат, Нели ти реков, Црвениот коњ, Диво месо, Од зад грб, Тетовирани души, Тетовирање, Ангели на отпад, Големата вода, Трето полувреме, Ослободување на Скопје, Моето име е Горан Стефановски…
Јовановски е седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати беше Лауреат на наградата „Милтон Манаки“, добитник е на награда на градот Скопје „13 Ноември“, на Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980), на Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982), Државна награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“, на Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“, две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова ж49“ и „Тетовирање“, награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш, награда „11 Октомври“ за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година, награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015, а неодамна, на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка тој го доби и признанието за животно дело.