Починаа пациенти на возраст од 48 и 67 години, новозаразени од вирусот се 145 лица

Во последното деноноќие во Македонија се потврдени 145 нови случаи на Ковид-19 од 1.772 тестирани лица, соопшти денеска Министертсвото за здравство. Во Скопје се регистрирани 32 случаи, 15 во Куманово, 12 во Гостивар, девет во Тетово, по осум во Штип, Прилеп и Делчево, шест во Кичево, по пет во Дебар, Струмица и Пехчево, по четири во Струга, Битола, Охрид и Свети Николе, три во Кочани, по два во Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип и Виница и по еден случај е регистриран во Гевгелија, Берово и Неготино.

-Во болнички услови починале двајца пациенти, односно пациент од Дебар на 67 години и пациент од Струга на 48 години, се наведува во информацијата.

Институтот за јавно здравје регистрирал 216 оздравени пациент, односно, 55 од Скопје, 39 од Гостивар, 31 од Куманово, 14 од Тетово, по десет од Штип, Струга и Кичево, шест од Кавадарци, по четири од Дебар, Прилеп, Кочани, Демир Хисар и Свети Николе, по три од Виница и Берово, по два од Велес, Македонски Брод и Берово и по еден оздравен од Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Пробиштип.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 45, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

-Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на ковид-19, стои во соопштението на МЗ.

Претходна вестТројца повредени во сообраќајка кај Рашче
Следна вестПоднесено обвинение за охридскиот советник Нефи Усеини и брат му