Home АКТУЕЛНО Тројца повредени во сообраќајка кај Рашче

Тројца повредени во сообраќајка кај Рашче

0
Тројца повредени во сообраќајка кај Рашче

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат село Сарај – село Рашче, помеѓу два автомобила. Во удесот учествувале патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(25) од с.Крушопек, скопско и патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О. од Гостивар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.С. и сопатникот во истото возило О.С.(23) констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила М.О. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.