Починале 21 пациент, новозаразени од вирусот се 444 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19. Ова го соопшти Министерство за здравство.

Од новозаразените во Скопје се 209, Куманово 26,Тетово 13,Прилеп 5,Гостивар 12,Штип 8,Битола 8,Велес 26,Охрид 26,Струмица 8,Кавадарци 32,Струга 11,Кичево 10,Свети Николе 1,Гевгелија 3,Ресен 1,Крива Паланка 3,Радовиш 5,Делчево 16,Пробиштип 3,Виница 3,Демир Хисар 1,Македонски Брод 2,Богданци 2,Кратово 3,Демир Капија 6 и Пехчево 1.

-Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 445.795 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728.

Претходна вестНа Шилегов му тргна со зелени покриви, сега на ред бил ТЦ „Мавровка“
Следна вестЧесто пукаат важни водоводни цевки: урбанистичкото дивеење си го зема данокот?