Во Македонија се потврдени 237 нови случаи на корона вирус во последните 24 часа. Направени се 1.525 тестирања. Осум пациенти починале. Ова го соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје се потврдени 123 нови случаи, Куманово-15, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6.
Починати се осум лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.024, бројката на оздравени пациенти е 62.929, на починати е 2.530, а бројот на активни случаи изнесува 18.565.