Починат маж пронајден на улица

Во 10 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил пронајден починат 63- годишниот М.А од гостиварско Чегране. Врз неговото тело немало траги на насилство.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид.По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Претходна вестДизелот поевтин, бензините поскапи
Следна вест8 лица меѓу кои 4 деца, искасани од огромно куче тешко 72 килограми