Почината мигрантка пронајдена со уште тројца мигранти во с. Богородица

Починато женско лице е пронајдено во близина на селото Богородица вчера во попладневните часови, соопшти МВР.
Во информацијата се наведува дека полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица вчера во 15.45 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, пронашле четири лица мигранти (без документи за идентификација), по нивно кажување од Сирија, од кои едно женско лице било починато. Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт кај лицето.
– По исказ на лицата почината е Т.А.С.(44), а останатите три се А.С.(21), Ј.Ј.(28) и Ј.М.(27). По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, а останатите три лица биле сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСилно невреме во Скопје – откорнати дрвја, поплавени улици…
Следна вестМицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме