Починато лице пронајдено на брегот на Вардар во Долно Лисиче

Во СВР Скопје вчера во 15:42 часот било пријавено дека во с.Долно Лисиче, скопско, на брегот на реката Вардар било пронајдено починато лице. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Инаку, МВР вчера информира дека добиле пријава за лице кое паднало во реката Вардар.

-На 07.03.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на ПИОМ, машко лице паднало во водата. Од извршените пребарувања, телото не е пронајдено, се вели во полициското соопштение.

Од МВР соопштија дека се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестЛекарската комора утврдила дека немало грешка кога на родилката и биле извадени матката, бубрег и јајник
Следна вест„Фајзер“ во „Букурешт“, „Спутник“ во „Јане Сандански“