Почна градба на новата градинка во Петровец за 65 дечиња

Со поставување камен-темелник денеска во општина Петровец почна градба на нова детска градинка со капацитет на сместување од 65 дечиња.

– Со изградбата на овој значаен објект за жителите на општина Петровец ќе се реши проблемот со немањето на место за прием на нови дечиња за кои постои реална потреба. Објектот ќе биде со површина од 350 м2, информира градоначалникот на општина Петровец, Борче Митревски.

Во првата фаза на градба од Скопски Плански Регион од Бирото за Регионален Развој ке бидат доделени 5.000.000 денари (околу 80.000 евра) додека од Општина Петровец ќе бидат издвоени 3.300.000 денари, односно, околу 53.000 евра. Додека за втората, а воедно и завршната фаза од Буџетот на Општина Петровец ќе бидат издвоени уште 12.000.000 денари, или околу 200.000 евра.

– Општина Петровец ќе продолжи и во иднина да вложува во инфраструктурни објекти сè со цел да се задоволат потребите на населението кое живее на целата територија на општината, вели Митевски.

Претходна вестПронајдени два килограма марихуана во возило
Следна вестПутин до африканските лидери: Западот е лицемерен, Русија ќе им дава жито и на сирoмашните земји