Пронајдени два килограма марихуана во возило

Два килограма марихуана се пронајдени во возило од Кочани. Во акцијата приведени се четири лица.

– На 26.7.2023, во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ. П. (54) од село Ореше, општина Чашка, И. М. (47) од Струмица, Х. М. (37) од Кочани и Р. Г. (46) од село Богомила, општина Чашка. По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Х. М., и „фолксваген голф“, со велешки регистарски, управувано од Ѓ. П., а во кои се превезувале и другите лица, информираат од МВР.

Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограма марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМакедонска банкарска асоцијација: Недoстапни се услугите на банкомати или во трговија со картичките Visa и MasterCard
Следна вестПочна градба на новата градинка во Петровец за 65 дечиња