Почна карневалот во Венеција

Почна Карневалот во Венеција. Танчери и уметници продефилираа покрај Грандe Каналот.

Во текот на следните две недели градот ќе биде исполнет со илјадници туристи од цела Италија и светот.

Во античките венецијански палати ќе се одржуваат маскирани балови, а на плоштадите и каналите во градот ќе се организираат концерти и поворки со гондоли.

Еден од најстарите карневали во светот првпат се одржал во 11 век.

Претходна вестЗошто мора да се заменат регистарските таблички, не може ли да се стават налепници?
Следна вестМуцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок што се одржа во Вашингтон