„Од умот се подизгубив… за едно лично“ во изведба на Државно – музичкиот балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“, го отвора 12 издание на фестивалот на народна култура „Пображење“ во центарот на Вевчани.
Организатор е културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, кои и годинава најавуваат богата програма.
„Пображење“ покрај презентацијата и развој на народната играорна култура, дава придонес и за развој на научно – истражувачката дејност во нашата земја.