Третиот по ред фестивал на филм и музика „Ѕирни“ почнува вечерва и ќе трае до 11 октомври. Ќе го отвори филмот „Хомо“ чија проекција е закажана за 19.30 часот. А почнувајќи од денеска цела следна недела ќе има филмски проекции, разговори со авторите, концерти, музичка селекција, изложба, детска работилница.
Билетите за филмските проекции се бесплатни, но поради ограничениот број на седишта, тие се подигаат во Котур.
На фестивалот се планирани изложба на фотографии на Ерина Богева, музичка селекција со Еми Ермилова, проекција на анимирани филмови за деца и детска креативна работилница со Марга, проекции на филмовите „Сава“, „Проблемот на Тина“, „Северен пол“, концерт на Дина Јашари…