Почнува реконструкцијатa на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Денеска почнуваат подготвителните активности за реконструкција на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел, соопшти градското претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

Реконструкцијата ќе се врши на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на границите на ГУП.

-Првата фаза пред почетокот на градежните работи, како што информираат, е расчистување на просторот од двете страни на коловозот од отпад и грмушки околу трасата, со цел да се обезбедат услови за понатамошните активности, а во текот на наредните денови ќе започнат и со отстранување на старата и оштетена коцка на улицата (макадамски пат од гранитна коцка), се наведува во информацијата.

Со започнувањето на градежните активности кои ќе се одвиваат етапно, прво по едната коловозна лента, а потоа на другата, во текот на наредните денови ќе биде воведен и времен режим на сообраќај кој ќе важи до завршување на градежните работи.

Претходна вестСе судрија руски авион и американски дрон, двете страни со различни верзии за настанот
Следна вестЗаев ветуваше нов студентски град, ама сега неговите и реновирањата на старите домови ги доцнат