Почнуваат Деновите на Мајка Тереза

Со изложба на мозаици од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Изет Зеќири, денеска почнуваат Деновите на Мајка Тереза. Изложбата насловена „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута” ќе биде отворена претпладнево во Спомен-куќата на Мајка Тереза.

За утре е предвиден Поетски час на Друштвото на писатели „ОЕНЕУМ“ – Тетово, а на 29 август ќе бидат промовирани песна и спот посветени на Гонџа Бојаџиу.

Во рамки на Деновите ќе се одржат и читање поезија посветена на Мајка Тереза – Друштво на писатели „АБЦ Поетике“, проекција на филмот „Нешто убаво за Господ”, промоција на збирка поезија за Мајка Тереза – Граѓанско здружение „Скопјанката Мајка Тереза”, како и читање раскази од литературниот конкурс. Доделени ќе бидат и награди и благодарници.

Деновите на Мајка Тереза ќе завршат на 5 септември со крводарителска акција во соработка со Црвениот крст на РСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не се препукуваат со соопштенија туку да разговараат
Следна вестЕскобар: Нема да вршам тортура врз никого, САД не избира влади за земјите членки на НАТО