При четиричасовна контрола на патиштата во Македонија, вчера полицијата упатила 98 товарни возила на вонреден технични преглед. Од таму се потврдило дека дури 19 камиони возеле со неиспрвни сопирачки.
– Од 98 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед, неисправни биле 31. 19 од нив имале техничка неисправност на уредот за запирање, три биле претоварени 10 поседувале неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди, соопштуваат од МВР.
Најавени се контоли и во следните денови, а од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.