Полицијата на Албанија упадна во иранската амбасада, дипломатите ги изгореле документите

Иранските дипломати во амбасадата на Иран во Тирана утрово ги палеле документите пред да го напуштат објектот по одлуката на власите во Албанија. Само по неколку часа, противтерористичката полиција на Албанија изврши претрес во празниот објект.

Во текот на вчерашниот ден властите на Албанија им наредија на сите вработени во амбасадата на Иран во Тирана и дипломатите да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, како одговор на иранските сајбернапади од јули.

Утрово, вработени во амбасадата биле забележани како палат документи во буре.

Само што го напуштиле местото, набргу потоа полицијата опремена со автоматски пушки влезе во зградата.

-Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран. Овој сајбернапад се закани да ги парализира јавните услуги, избрише дигиталните системи, хакира државните документи и да предизвика хаос и несигурност во земјата, кажа премиерот на Албанија, Еди Рама.

Двете земји имаат тензични односи од 2014 кога Албанија прими 3.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран.

Претходна вестИ власта слави независност на Македонија, а колку од независноста сочува?
Следна вестКралицата Елизабета под медицински надзор, семејството се собира околу неа