Полициска контрола во Тетово – приведени неколку лица

Неколку лица се приведени во текот на полициска контрола спроведена ноќеска во Тетово.

-Во акциска контрола спроведена ноќеска (5 февруари), десетина минути по полноќ, во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот тетовец В.Н. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. Во друг угостителски објект на излезот од Тетово во 1 часот и 30 минути приведени се И.А. (20) од Тетово и А.Б. (26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, пак, е приведено 26-годишно момче поради нарушување на јавниот ред и мир, а според портпаролот, во објектот било затекнато и малолетно женско лице од Косово, кое консумирало алкохол, по што девојчето било предадено на роднина.

Претходна вестАсоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, за 30.000 тони повеќе од лани
Следна вестДрога и 12 мобилни телефони пронајдени во две ќелии во затворот во Скопје