Дрога и 12 мобилни телефони пронајдени во две ќелии во затворот во Скопје

Дрога и мoбилни телефони биле пронајдени при претреси во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, соопшти полицијата.

Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

-При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони. По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат надлежните.

Претходна вестПолициска контрола во Тетово – приведени неколку лица
Следна вестСДСМ на осмомартовски марш во Прилеп: Заедно да го кренеме гласот за рамноправност