СДСМ на осмомартовски марш во Прилеп: Заедно да го кренеме гласот за рамноправност

Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп. Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски претходно положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.

-Денеска сме тука во Прилеп заедно да го кренеме гласот за рамноправност и да ја посочиме суштината на Меѓународниот ден на жената. Жените се движечка сила и на СДСМ и на државата. Пример за тоа е дека во оваа Влада моментално има 50 – 50 рамноправна застапеност на мажи и жени на министерските позиции каде се поставени кадри од СДСМ. Доказ за тоа е и дека сите закони кои ја унапредуваат родовата еднаквост се донесени од Владата предводена од СДСМ. Додека продолжуваме да градиме еднакво општество за секого, од клучно значење е мажите да бидат сојузници во оваа борба. Вистинска демократија подразбира целосна еднаквост, порача лидерот и премиерот Димитар Ковачевски.

Замнеик-претседателка Соња Лукаревска порача дека им се поклонува на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството.

-Храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, Молкот не е опција. Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза.  Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка, порача Лукаревска.

Претходна вестДрога и 12 мобилни телефони пронајдени во две ќелии во затворот во Скопје
Следна вестПеро Антиќ го става на аукција шампионски дрес на Фенербахче за да им помогне на настраданите во Турција