Перо Антиќ го става на аукција шампионски дрес на Фенербахче за да им помогне на настраданите во Турција

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (КФМ), Перо Антиќ, најави дека ќе го даде на аукција дресот на Фенербахче во кој ја освои титуата европски клупски шампион, а добиените пари ќе ги донира за помош на Турција.

Ова го објави на својот Инстаграм профил поранешниот кошаркар на белградска Црвена звезда и на Истанбул Фенербахче, со кој ја освои титулата европски првак на мечот против Олимпијакос од Атина.

-Деновиве со помош на мојот брат Волкан Демирел и Мелих Махмутоглу ќе го лицитирам мојот дрес од финалето против Олимпијакос и сите пари ќе одат кај луѓето на кои им е најпотребно, напиша Антиќ.

 

Претходна вестСДСМ на осмомартовски марш во Прилеп: Заедно да го кренеме гласот за рамноправност
Следна вестДвајца ранети во пукање на патарината Желино