Двајца ранети во пукање на патарината Желино

Две лица се ранети во инцидент што се случил на патарината Желено на автопатот Скопје – Тетово.

Полицијата соопшти дека вчера во СВР Тетово било пријавено дека во 11.19 часот на наплатна станица Желино 40 годишниот Џ.А од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К на возраст од 34 години и неговиот две години помлад брат со иницијали А.К.

-Во нападот двајцата браќа се здобиле со повреди и се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, се наведува во информацијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПеро Антиќ го става на аукција шампионски дрес на Фенербахче за да им помогне на настраданите во Турција
Следна вестПаднал од мотор, одбил да оди на лекар, најден починат