Паднал од мотор, одбил да оди на лекар, најден починат

Вчера во 09.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата.

-Според пријавеното, околу 00.30 часот, пред неговиот двор паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар, информира МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестДвајца ранети во пукање на патарината Желино
Следна вестСончево со мала до умерена облачност, температури до 17 степени