Приведен е полицискиот службеник поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и давање лажен исказ.
МВР соопшти дека Полицискиот службеник М.С. откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано.
-По документирање на случајот до скопското обвинителство поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, се наведува во информацијата.