Темен режим Режим на светлина

Облачно со мали сончеви периоди, температура до 10 степени

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно време со мали сончеви периоди. Утринската температура се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

На останатото подрачје на Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини има појава на утринска магла, а во продолжение на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од 3 до 8, а дневната од 8  до 13 Целзиусови степени.

Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од денеска „МиниАРТура“ во Уметничкиот центар Арт Хаб

Следна објава

Полицаец возел нерегистрирано возило со одјавени таблички