Полиција и пожарникарите спречија самоубиство во Карпош

Драма се случувала денеска во скопски Карпош кога една девојка се заканувала дека ќе изврши самоубиство од зградата во која што престојува. За среќа, обидот е спречен благодарение на успешната акција на специјалната единица на МВР и на скопските пожарникари. Видеото за оваа акција денеска го објави порталот „news1.mk“ а на него се гледа како се одвивала целата акција.

На снимката се забележува девојката која се појавува на прозорецот на станот на петти кат со намерата да скокне. Потоа, се забележува и полициски специјалец кој од горниот балкон се спушта на долниот и влегува во собата по што ја спречува девојката да изврши самоубиство. Случајот го пријавиле соседите во 12.30 часот.

Претходна вестВо скопски ковид-центри примени 83 нови заболени, слободни уште 60 места
Следна вестПикот никако да се намали: Регистрирани 1.299 нови случаи на Ковид-19, починале 24 лица