Во скопски ковид-центри примени 83 нови заболени, слободни уште 60 места

Вкупно 543 лице се лекуваат во скопските ковид-центри во кои има слободни уште 60 легла, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во информацијата се наведува дека во изминативе 24 часа во центрите се примени осумдесет и три ковид болни лица. Тоа е најголема бројка во споредба со примените пациенти во изминативе денови.

-Од денес е отворен и Ковид-центарот на Клиниката за пластична хирургија, соопшти Министерството за здравство.

Во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат уште 746 пациенти, односно, вкупно 1.289 . На ниво на цела земја има вкупно 300 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

-Во моментов во Ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти. Во „8 Септември“ има 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, се наведува во информацијата.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болен, а во Куманово 108 пациенти.

Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 117, во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 70, а во Гевгелија 17 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 117.437, оздравени се 99.837, починати 3.424, а активни случаи се 14.176.

Претходна вестГо сакам Водно: Останаа уште многу горливи прашања околу заштитата на Водно
Следна вестПолиција и пожарникарите спречија самоубиство во Карпош