Претпладне ќе биде сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотарен дожд, најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.
На подрачјето на земјава претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Од денеска следува период со повремено зголемена облачност. Во попладневните и вечерните часови, особено утре и в среда, ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер најинтензивен за време на викендот.