Меѓу 584 случаи на активно болни граѓани од корона вирусот на скопското подрачје најмногу ги има од општините Аеродром и од Центар, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.
Во Аеродром се регистрирани 86 заболени лица, а во Центар – 74. Блиску до нив е скопската општина Карпош на чие подрачје има 70 заболени, додека во Чаир има 63. Во Кисела Вода, пак, има 52, во Ѓорче Петров – 38, Бутел – 33,Шуто Оризари – 17 и Сарај – 16.
Состојбата во околни општини е следна: Илинден – 15, Студеничани – 11, Арачиново – 9, Петровец – 6, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 3, Зелениково – 2, Странец – 6 и Нераспределен-2.