Анализа на 48 места во Скопје: Водата е квалитетна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат последните анализи на Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“.

нализите се направени од 14.09.2020 до 18.09.2020. Земени се 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа од 48 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.

Претходна вестСДСМ: Нашите заложби ја покачија просечната плата во јули за 8,5 отсто
Следна вестАеродром и Центар и натаму со најмногу заболени од вирусот во Скопје