Поради густата магла и слабата видливост, откажани биле 9 лета на скопскиот аеродром, а 4 се пренасочен. Ова го информираат од ТАВ Македонија.
-Од 20 часот на први јануари до 9 часот наутро, денеска на втори јануари 2023 година, 9 лета беа откажани, а 4 лета беа пренасочени, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.
Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.
Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања.
Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.