Поранешна ученичка со нож нападна ученик и професорка во средно училиште во Белград

Поранешна ученичка со кујнски нож повредила ученик (16) во приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград и една професорка (44), која се обидела да ја спречи во нападот, пренесуваат српските медиуми. Девојчето било поранешна ученичка на ова училиште, но самоиницијативно се отпишало.

Според првичните информации, девојчето е совладано, уапсено и приведено, потврдиле од српското МВР за „Танјуг“. Ни ученикот А. Р. ни професорката, која добила расеченица на раката, не е сериозно повредена.

Училиштето е евакуирано, а на терен се силни полициски екипи и екипи на итната медицинска помош, јавуваат медиумите.

Пред училиштето шокирани родители ги чекаат децата. Тие се тресат и плачат, пишува „Блиц“.

– Ми се јави син ми и ми рече веднаш да дојдам на училиште, дека во училиштето има повеќе од 20 полицајци, дека од другарка слушнал оти девојка избола професорка по историја, а потоа почнала да брка другар, вели една мајка.

Вчера, во Белград, 13-годишно момче со пиштол уби осум свои соученици, една професорка и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое учел.

 

Претходна вестОставката ја поднесов своеволно, Османи ја узурпира позицијата, одговара амбасадорот Тодоровски
Следна вестПромовиран Зборник: Голготата на моштите на Гоце Делчев ја демантира тезата дека тој и припаѓа на бугарската историја