Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Поради одржување на ревијална трка „Вози право, вози здраво”, денес во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски”, десно по улицата „Даме Груев”, право по булеварот „ВМРО” до крстосница со булеварот „Илинден”, лево по булеварот „Илинден” до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче” – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Претходна вестБајрам Бегај нов претседател на Албанија
Следна вест223 казнети возачи во Скопје, 35 возеле пијани