Посетата на „Аја Софија“ повеќе нема да биде бесплатна, влезот бесплатен за муслиманите и турските државјани

Туристите што во 2024 година ќесакаат да ја посетат, „Аја Софија“, ќе мора да платат влез во светилиштето, се вели во изјавата на турскиот министер за култура, Мехмет Нури Ерсој. На муслиманите што одат на молитва во „Аја Софија нема да им се наплаќа влез, а исто така и за турските граѓани влезот ќе биде бесплатен.

„Аја Софија“, еден од најпопуларните културни споменици во Истанбул, со години беше музеј, а во 2020 година беше претворена во џамија. Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, истакна дека „Аја Софија“ ќе се реновира и дека според препораката на УНЕСКО од 15 јануари 2024 година ќе се промени планот за посета на туристите.

Сè уште не е одлучено колкава ќе биде цената на билетите, но нагласи дека целта е да се ограничи бројот на посетители. На муслиманите што одат на молитва во „Аја Софија нема да им се наплаќа влез, а исто така и за турските граѓани влезот ќе биде бесплатен.

Новина е и тоа што туристите што ќе го посетат ова светилиште нема да мора да ги соблекуваат чевлите. За тури со водич, туристите ќе користат слушалки, а ќе им биде понудена приказна на 17 светски јазици. „Аја Софија“ ќе продолжи да биде затворена за посетители за време на молитвата.

Претходна вестУниверзална сала нема среќа, оставена е во чекална
Следна вестОдрон целосно го запре сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица