Послаби врнежи од дожд, од утре заладување

Променливо облачно време со помали сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Не се очекуваат врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во распонот од 2 до 6 степени.

На подрачјето на земјава се очекуваат локални и послаби врнежи од дожд. На планините на север се најавуваат врнежи од снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, Тепшературата ќе се движи од 4 до 11 степени, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).

Поради продор на студена воздушна маса од север од утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Претходна вестВечерва и утре се одржува традиционалниот василичарски концерт
Следна вестУХМР смирува: Водостојот на Вардар во Скопје ќе се намалува, сите водостои и понатака релативно високи