Повелете на капење во новото „езеро“ во Капиштец

Дождот што не толку интензивно врнеше во текот на ноќта сепак успеа да направи поплави на одредени места. Па така, изутрината на социјалните мрежи скопјани објавија фотографии од пред една зграда во Капиштец, поточно нејзиниот паркинг, кој буквално е под вода.

Очигледно е дека проблематичната атмосферска канализација го предизвикала создавањето на „езерото“. Скопјани се шегуваат промовирајќи го новото езеро, и порачуваат дека „цената е 100 денари од час пливање“.

-Во главен град да има проблем со атмосферска канализација?! Па што останува со помалите градови…

-Градете уште малку, па каде и да е, сите ќе пливаме во фекалии!

Ова не е прво „езеро“ по дожд. Минатото обилно врнење предизвика слична вака слика во Аеродром. Жителите на околните згради постираа видео на социјалните мрежи како се капат и сончаат на пешкири крај „езерото“ со цел да ги разбудат надлежните дека ситуацијата е повеќе од алармантна.

Претходна вестПриведени двајца крадци од Скопје
Следна вестСтартува патувачкото кино „Македокс“