Повредени три лица во судир на две возила

На улицата Карпалак во Прилеп, при судир на две возила повредени се три лица. Меѓу повредените е и 16 годишно дете.

– Според информациите, несреќата се случила помеѓу патничко возило со битолски регистарски ознаки, управувано од Н. В. (51) од Крушево и товарно со прилепски регистарски ознаки, управувано од П. Ж. (54) од Прилеп. Во несреќата Н. В. добила тешки телесни повреди, а сопатничките С. Т. и 16-годишна малолетничка, двете од Крушево, добиле телесни повреди констатирани во Градската болница во Прилеп, велат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Прилеп.

Претходна вестАдвокатот Цобески: Како нападот врз Пендиков е од омраза, кога таткото на обвинетиот спасуваше Бугари, настанот е исполитизиран
Следна вест„Децата не спијат и мократ во кревет“, мајките сведочат за психолошките трауми по земјотресот во Турција