Повторно инциденти во САД, убиства во Њу Џерси, силувано дете во Тексас

Изминативе денови повторно имаше вооружени инцидент во САД. Поточно најмалку три лица загинаа во престрелка во американската сојузна држава Њу Џерси. Полицијата соопшти дека верува дека напаѓачот е меѓу загинатите и дека повеќе не претставува закана за граѓаните, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Во неделата околу 9:30 часот по локално време, полицијата пронашле тела на двајца возрасни и едно малолетно лице, се наведува во соопштението. Како што е наведено, уште еден малолетник е префрлен во болница во критична состојба.

Во друг инцидент маж во градот Галена Парк, Тексас, застрелал три тинејџерки, од кои едната била бремена, сексуално нападнал 12-годишно девојче кое потоа успеало да побегне, а потоа извршил самоубиство, јави АП.

Според агенцијата, убиените девојчиња биле на возраст од 19, 14 и 13 години, а откако ги убил, мажот сексуално нападнал 12-годишно девојче, кое потоа побегнало. Шерифот на округот Ед Гонзалес изјави дека полицијата досега не можела да најде мотив за злосторството.

Претходна вестОдличен викенд за нашите фудбалери на европските терени: Дориан Бабунски даде два гола, Адеми и Тричковски по еден
Следна вестПарламентот го остави македонскиот автобус да чмае во лер