Одличен викенд за нашите фудбалери на европските терени: Дориан Бабунски даде два гола, Адеми и Тричковски по еден

Одличен викенд за нашите фудбалери на европските терени. Најмногу се истакна Дориан Бабунски, по него Аријан Адеми и Иван Тричковски.

Бабунски постигна два гола за својот тим Дебрецен во триумфот од 3:2 против Хонвед. Првиот гол го даде во 27-та минута додека вториот во 71-та минута од мечот.

Адеми беше стрелец на еден погодок во победата на Динамо Загреб 1:3 на гости против Вараждин. Адеми беше стрелец на третиот гол.

Тричковски пак погоди за АЕК Ларнака во поразот од 2:1 против АЕЛ Лимасол.

Претходна вестСеќавање на херојот Раде Јовчевски – Корчагин, убиен пред 80 години од бугарската полиција
Следна вестПовторно инциденти во САД, убиства во Њу Џерси, силувано дете во Тексас