Пожар на железничката станица во Гевгелија, се запалила локомотива од воз

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид, а во Гевгелија синоќа имало еден невообичаен пожар на железничката станица во Гевгелија.

Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно ПП возила и два пожарникара од 00.30 до 01.07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.

-Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Охрид, пак, од 11.10 до 12.10 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило, гаснеле запалено стрниште во с.Рамне.

Фото: Илустрација

Претходна вестОдбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Следна вестРеков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите: Таравари и препиша терапија на ДУИ