По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.
Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација предводена од Талат Џафери, претседател на Владата на Македонија, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Македонија.
Македонскиот народ даде многу жртви за да се победи фашизмот во Втората Светска војна. И Македонија е една од ретките земји која сама со своите сили се ослободи од најголемото зло на 20-от век.