Пожар во казино во Ѓорче Петров

Пожар претпладне избувна во објект во којшто е сместено казино во скопската населба Ѓорче Петров. Огнот прво ја зафатил кровната конструкција на објектот.

По пријавата на пожарот на локацијата веднаш се упатиле противпожарни екипи. Според сознанијата нема повредени лица а пожарот го гасат 5 екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Додека трае гаснењето на пожарот, сообраќајот на  главната улица „Ѓорче Петров“ се пренасочува кој околните сообраќајници.

Претходна вестМетодија Спасовски: Имавме трема кога игравме против Пеле, чест ми е што дадов гол против него на Маракана
Следна вестЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“: Во новогодишната ноќ ќе се дежура во седум поликлиники