ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“: Во новогодишната ноќ ќе се дежура во седум поликлиники

За време на Новогодишните празници ќе биде обезбедена грижа за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, соопшти денеска ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје.

На 31.12.2022 година (сабота) во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 08 до 16 часот.

На новогодишната ноќ  достапни ќе  бидат  дежурните  ординации  за здравствена заштита во трета смена ,недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување.

-Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош  ги дава следните совети: Редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, наведуваат од „Здравствен дом на Скопје“.

Претходна вестПожар во казино во Ѓорче Петров
Следна вестЛиста на српски магазин „Недељник“: Илија Гечев е единствен милијардер во Македонија