Изгаснат пожарот во Ѓорче Петров, нема повредени ниту жртви

Изгаснат е пожарот кој претпладнево избивна во деловен објект во скопската населба Ѓорче Петров. Огнот избувна во покривната конструкција на казино, во близина на старото кино.

-Пожарот е изгаснат и во него немаше повредени ниту жртви, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојковски информира дека се работи за приватен објект.

– Гореше покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен, изјави Стојкоски по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.

Во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила. Сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато и беше пренасочуван.

Претходна вестМЗТ Скопје со нов тренер на гостување кај Цибона
Следна вестПронајдено починато лице со видливи повреди во скопски Центар